Градежното земјиште наменето за изградба на стопански објекти ќе се продава на лицитација по едно евро, одлучи Владата на синоќешната седница. За земјиште наменето за стопанството и индустријата, односно за објекти каде што ќе се одвива производство и објекти каде што ќе се вработуваат луѓе, во иднина почетната цена за продажба на таквото земјиште ќе биде едно евро од квадрат. Потенцијалните инвеститори, ќе имаат можност по симболична цена да дојдат до земјиште за изградба на фабрики. Тој рече дека на некои атрактивни локации ќе има и крупни наддавања каде цената ќе биде повисока. Со ова сакаме да го стимулираме бруто домашниот производ, да има нови вработувања во Македонија, иста одлука донесовме и за продажба на земјиште за изградба на хотели со цел да го поттикнеме туризмот. Државното неизградено земјиште наменето за стопански објекти кое ќе биде објавено на јавно наддавање опфаќа неколку локации во општина Ѓорче Петров, индустриската зона во Битола, Валандово.
Градежното земјиште наменето за изградба на стопански објекти ќе се продава на лицитација по едно евро, одлучи Владата на синоќешната седница.
„За земјиште наменето за стопанството и индустријата, односно за објекти каде што ќе се одвива производство и објекти каде што ќе се вработуваат луѓе, во иднина почетната цена за продажба на таквото земјиште ќе биде едно евро од квадрат. Потенцијалните инвеститори, ќе имаат можност по симболична цена да дојдат до земјиште за изградба на фабрики“, изјави премиерот Никола Груевски.
Тој рече дека на некои атрактивни локации ќе има и крупни наддавања каде цената ќе биде повисока.
„Со ова сакаме да го стимулираме бруто домашниот производ, да има нови вработувања во Македонија, иста одлука донесовме и за продажба на земјиште за изградба на хотели со цел да го поттикнеме туризмот“, изјави миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.
Државното неизградено земјиште наменето за стопански објекти кое ќе биде објавено на јавно наддавање опфаќа неколку локации во општина Ѓорче Петров, индустриската зона во Битола, Валандово.